21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Македонија ќе направи скок од пет места на најновата листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе направи скок од пет места на најновата ранг листа на ФИФА која треба да излезе на 11 јули.

Во изминатиов период нашата селекција одигра два меча во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година и тоа нерешено во Скопје против Белгија (1:1) и победа на гости во Астана против Казахстан (1:0).

Благодарение на овие добри резултати, Македонија од 67 место ќе скокне на 62 позиција на ФИФА листата.

Македонија моментално е лидер на табелата во квалификациите за СП 2026 година со осум бодови, пред Велс со седум, Белгија има четири бода, Казахстан е со три бодови и Лихтенштајн кој нема освоено ниту еден бод.

- Оглас -

Најнови вести