Македонија ќе се кандидира за домаќин на машко ракометно ЕП 2034!

Претседателот на ракометната федерација на Словенија, Бор Рожман, откри можност Словенија, заедно со Србија и Македонија да аплицира за организација на Европското првенство во ракомет за мажи кое треба да се игра во 2034 година.

Финалето би се одржало во Белград поради најголемиот капацитет на салата која ја има таму, а во Македонија веројатно би се играле мечеви од првата и втората фаза.

Официјалната кандидатура ќе биде поднесена кога ЕХФ ќе го објави процесот за аплицирање.

Македонија двапати беше домаќин на женско ЕП, во 2008 самостојно и во 2022 заедно со Словенија и Црна Гора.

Eвропското првенство 2026 ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, во 2028 година во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Домаќини на ЕП 2030 ќе бидат Чешка, Данска и Полска, додека ЕП 2032 ќе се игра во Германија и Франција.

- Оглас -

Најнови вести