Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе прослави уште еден голем успех, а тоа е пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Нашите ракометари од 18 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Турција, селекција која треба лесно да ја победиме.
Дека Македонија е апсолутен фаворит покажуваат и квотите во Sport Life, па границата за хендикеп „кец“ е на 6,5 погодоци. Против Турција во овие квалификации игравме на гости и победивме со убедливи 36:27, а Македонија победувала и на претходните четири дуели со овој ривал, па јасно е кој ќе се радува и денеска.
Освен дуелот во Скопје, денеска се играат уште 15 средби од квалификациите, по што треба да бидат познати учесниците на завршницата на континенталниот собир за следната година.