Македонија кога игра против Летонија најмногу треба да се плаши од нашите играчи

Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува кај Летонија, ривал против кој имаме добри искуства. Нашата репрезентација досега има три средби со овој ривал и во трите натпревари победувала Македонија.

Два меча се од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а Македонија во Рига славеше со 2:0, додека на мечот во Скопје беше 3:1 за нашата репрезентација. Еден дуел со овој ривал, Македонија играше во 2014 година во пријателска пресметка и тогаш беше 2:1 за Црвено-жолтите.

Интересно е дека Македонија има примено два погодоци во тие три пресметки со Летонија, а и двата гола што завршиле во македонската мрежа, всушност се автоголови.

Дарко Велковски си даде автогол во 89 минута на дуелот игран во 2019 година кога Македонија победи со 3:1. На контролниот дуел во 2014 година беше 2:1 за Македонија, радоста на Летонија се случи кога Даниел Георгиевски си постигна автогол.

Тоа значи дека македонски фудбалери ги даваат сите погодоци во дуелите со Летонија. Од сите голови досега, седум се во мрежата на Летонија, а два во мрежата на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести