Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна распоредот на натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство што во 2024 година ќе се одржи во Германија.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски добија пеколно тешка група заедно со два поранешни светски шампиони Италија и Англија, а во групата Ц се уште и силната Украина и Малта.
Македонија квалификациите ќе ги започне на 23 март идната година на домашен терен ќе ги почне против Малта. Првите дуели со големите фаворити, фудбалерите ќе играат во јуни и септември. На 19 јуни, Македонија ќе и гостува на Англија, а на 9 септември ќе ја пречека Италија. Реваншите против фаворитите Македонија ќе ги игра во последните две кола, прво со Италија на гости, а потоа со Англија дома.
РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА:
1.КОЛО – 23.03.2023: Македонија – Малта (20:45)
2. КОЛО – 26.03.2023: Македонија слободна
3. КОЛО – 16.06.2023: Македонија – Украина (20:45)
4. КОЛО – 19.06.2023: Англија – Македонија (20:45)
5. КОЛО – 09.09.2023: Македонија – Италија (20:45)
6. КОЛО – 12.09.2023: Малта – Македонија (20:45)
7. КОЛО – 14.10.2023: Украина – Македонија (15:00)
8. КОЛО – 17.10.2023: Македонија слободна
9. КОЛО – 17.11.2023: Италија – Македонија (20:45)
10. КОЛО – 20.11.2023: Македонија – Англија (20:45)