6102 Шпанија – Италија (20:45 ч.)
Победникот од овој меч ќе игра против Хрватска во финалето на Лигата на нациите. Шпанија е во мини-криза и има само една победа во последните пет средби. Италија дома загуби од Англија, а претходно и од Австрија, што е знак дека Аѕурите се ранливи.
Ако се погледне традицијата, на последните шест меѓусебни дуели секогаш на крајот имало од 2-3 гола. Резултатите во овој период на овие две селекции биле 1:2 за Шпанија, 1:1 3:0 за Шпанија, 1:1, Италија победи со 2:0 и реми 1:1.
Предлог тип: 2-3 погодоци (1.97)
4809 Македонија У21 – Ерменија У21 (17 ч.)
Дуелот се игра во Скопје и Македонија е голем фаворит за победа. Младата селекција на Ерменија има осум пораз по ред, а во последните 18 средби имаат дури 17 порази и само една победа над Фарски Острови.
Во последниве година и пол, Македонија У21 двапати играше со врсниците од Ерменија и ги победи со по 3:1 дома и 2:1 на гости. И сега е јасно дека Македонија е фаворит.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.55)
2711 ТПС Турку – Микели (17:30 ч.)
Во Финска, лидерот Микели гостува кај ТПС, кој важи за домаќин кој најчесто ги освојува бодовите на свој терен. Двата тима играат отворен фудбал, сакаат да се надигруваат и ова треба да биде дуел со погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)
2831 Грота – Аегир (21:15 ч.)
Дуел од втора лига во Исланд, каде што домаќинот е голем фаворит иако има само една победа во шест кола досега што се одиграни. Грота дури четири пати одигра нерешено, но сигурно ќе атакува на триумф против Аегир, тим кој е на дното од табелата само со еден бод во шест средби.
Аегир во просек прима по два гола на средба, а Грота дава по два погодока во просек на меч.
Предлог тип: 1-1&2+ (1.97)
4817 Бугарија У21 – Црна Гора У21 (17:30 ч.)
Младата бугарска селекција дури 13 меча по ред нема победа (7 порази и шест нерешени), па ова е нивна шанса да ја прекинат оваа лоша низа. Црногорците играат солидно, офанзивно се настроени, а фактот дека ова е контролен дуел само потврдува дека треба да има погодоци.
Предлог тип: ГГ (1.60)

