15.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Македонија летна кон Кардиф, целта е една а тоа е да се задржи второто место на табелата

Во убаво расположение и оптимистичка атмосфера, македонската фудбалска репрезентација отпатува кон Кардиф, Велс каде в вторник ќе го игра последниот меч од квалифкациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Македонија моментално е на второто место на табелата со 13 бодови, исто колку што има и Велс на третата позиција, но нашата селекција има подобра гол-разлика. Тоа значи дека на Македонија ќе и биде доволно да не загуби на „Милениум стадион“ во кардиф и така директно ќе обезбеди место во баражот за пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести