Нема друг избор: Македонија мора да ја победи Малта за да остане сонот за пласман на ЕП 2024

Победа и освојување на три бода се единствената опција за македонските фудбалери вечерва на гостувањето кај Малта, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Македонија има само четири бода од четири дуела, но уште има математички шанси да верува дека може да стигне до второто место.

За да останат тие шанси „живи“, вечерва мора да се победи Малта. Тоа е противник кој е по мерка затоа што Малта е една од шесте европски селекции која досега нема освоено ниту еден бод во квалификациите.

За Малтежаните токму овој меч против Македонија на стадионот „Та-Кали“ е најголема шанса да се надеваат дека нема да завршат со ниту еден освоен бод во квалификациите.

Во досегашните пет меѓусебни дуели на овие селекции, Македонија е доминантна. Нашата селекција има четири победи и само едно реми, а интересно е и тоа дека на четири од петте дуели имало барем три погодоци, а еднаш дуелот завршил 1:1, што значи дека секогаш има погодоци.

- Оглас -

Најнови вести