Македонија мора да одигра многу подобро во второто полувреме од последниот фудбалски чин за пласман на Евроското првенство, против Грузија, ако сака историски успех.
По првите 45 минути нема голови, но домаќините беа поконкретни и имаа неколку сериозни ситуации за гол. Најблиску беше Окријашвили во 30. минута кога за наша среќа промаши од изгледна ситуација.
Веднаш потоа и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев се обиде, но ударот со глава со парада му го одбрани Лорија.
Мечот што е трет меѓу двете репрезентации во кус рок од два месеци, но и најзначаен во трилогијата, бидејќи одлучува за пласман на ЕП ќе се решава во второто полувреме, или евентуално ако нема победник во регуларниот дел, ќе се играат продолженија, па можно е да има и пенали.