Македонија може да го назначи Манчини за нов тренер на Манчестер јунајтед

Ралф Рагнарик сè уште нема дебитирано на клупата на Манчестер јунајтед, а англиските новинари дојдоа до ексклузивна вест.

Доколку Македонија успее да ја елиминира Италија во мартовскиот бараж за Светското првенство во Катар, Манчини ќе замине од селекторската позиција и ќе отпатува во Манчестер, каде што ќе биде назначен за нов тренер на Црвените ѓаволи.

Навистина ќе биде тешко Италија да ја гледаме на СП бидејќи подобриот од овој двомеч ќе игра против Португалија или Турција.

За Манчини ова би бил евентуален втор престој во овој град, откако од 2009 до 2013 го предводеше Манчестер сити и по 53 години успеа да ја донесе премиерлигашката титула на овој тим на добро познат, спектакуларен начин.

Сите добро се сеќаваме на голот на Агуеро во последните секунди од мечот против КПР, кога Манчестер сити победи со 3:2 и на подобра гол-разлика заврши на првото место пред градскиот ривал.

Ние немаме ништо против тоа Македонија да го назначи Манчини за нов тренер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести