Квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија се завршени, а останува неизвесно уште кои три селекции ќе се изборат за место на континенталниот собир и тоа преку баражите од Лигата на нации.
По завршувањето на квалификациите за ЕП, се направи новиот провизорен план за тоа како би можеле да изгледаат барабаните во пресрет на ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Мундијалот кој ќе се игра во САД, Мексико и Канада ќе биде историски, затоа што за прв пат на завршницата ќе учествуваат 48 репрезентации. Од Европа, наместо досегашните 12 учесници, сега на Мундијалот ќе учествуваат 16 селекции. Тоа значи дека се зголемуваат шансите за оние кои не се во топ фаворитите.
Во вкупно пет барабани ќе бидат распоредени европските селекции во квалификациите. Првите четири барабани ќе имаат по 12 репрезентации, а во последниот петти барабан остануваат најслабите шест селекции. Тоа е промена затоа што досега квалификациите беа со девет или 10 групи во кои имаше по шест или евентуално пет селекции. Сега ќе има 12 групи од кои шест ќе бидат со само четири селекции, а шест ќе имаат по пет репрезентации.
Според сегашниот рејтинг на ФИФА, Македонија речиси и да има загарантирано место во третиот барабан, каде засега се уште и Грција, Словенија, Финска, Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Исланд, Израел и Грузија. Тоа значи дека овие селекции не би биле ривали на Македонија во квалификациите за СП.
Ако се погледнат распоредот во останатите барабани, можно е Македонија да се најде во група со само четири селекции и тоа за противници да имаме целосно балканска група. Тоа би било ако од првиот барабан се погоди Хрватска, од вториот биде Србија, Македонија би била од третиот барабан. Во четвртиот барабан е Косово, но Косово не може да биде во иста група со Србија или со Босна и Херцеговина поради политички причини.
Целносно балканска група би било ако се паднеме со Хрватска, Турција и Косово, но тоа е само една од многуте опции кои се во игра.
How the pots for WC 2026 qualifiers would look like if Nov 2023 FIFA ranking was used.
Pot 1: 🇫🇷🏴🇧🇪🇳🇱🇵🇹🇪🇸🇮🇹🇭🇷🇩🇪🇨🇭🇩🇰🇺🇦
Pot 2: 🇦🇹🇸🇪🇭🇺🏴🇵🇱🇷🇸🏴🇹🇷🇨🇿🇷🇴🇳🇴🇸🇰
Pot 3: 🇬🇷🇸🇮🇫🇮🇮🇪🇦🇱🇲🇰🇧🇦🇲🇪🇮🇸🇬🇧🇮🇱🇬🇪
Pot 4: 🇧🇬🇱🇺🇦🇲🇧🇾🇰🇿🇽🇰🇦🇿🇪🇪🇨🇾🇫🇴🇱🇻🇱🇹
Pot 5: 🇲🇩🇦🇩🇲🇹🇬🇮🇱🇮🇸🇲Only group winners qualify directly.
🧵
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 23, 2023
Според правилата, само најдобрата репрезентација ќе обезбеди директно место на СП 2026 година. Ако биде група со само четири селекции, тоа значи дека ќе се одиграат само шест меча, а најдобриот ќе биде на планетарниот собир.
Второпласираните селекции од сите групи ќе обезбедат место во дополнителните квалификации, каде ќе се најдат и најдобрите четири селекции од Лигата на нации. Вкупно 16 селекции ќе бидат распоредени во четири групи од по четири екипи и најдобрите од секоја група ќе обезбеди место на Мундијалот во 2026 година.