16.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Македонија може да стигне до третиот шешир пред жрепката за СП

Кон крајот на ноември ќе се одржи жрепката за квалификациските групи за Светското првенство 2022 година, а дотогаш Македонија има големи шанси да влезе во третиот шешир доколку оствари што повеќе позитивни резултати во наредните пет натпревари.

Составот на Игор Ангеловски засега се наоѓа во четвртиот шешир со 1352 бода, пред нас се само Финска и Црна Гора, додека се брка местото на Босна и Херцеговина која е последна во третиот шешир со 1407 бода.

Шеширите ќе се одредат по завршувањето на Лигата на нациите, Македонија треба да одигра уште пет натпревари заедно со финалето против Грузија од плејофот, во кој нашиот А тим ќе се бори за историски пласман на следното Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести