Македонија можеше и требаше да води, шокантно исклучување на Зајков

Нема голови на арената „Тодор Проески“ по првото полувреме на средбата помеѓу Македонија и Ерменија од Лигата на нациите, а според шансите, нашата репрезентација требаше да води.

Елиф Елмас имаше огромна шанса, но го загуби дуелот „еден на еден“ против голманот Чанчаревиќ, а во финишот на првиот дел убав шут од далечина имаше капитенот Енис Барди, но топката за малку отиде над пречката.

Во самиот финишот на полувремето, Ќамили направи фаул, а судијата му покажа втор жолт картон на Зајков. Можеби исклучувањето беше поради некаков приговор, судијата не ја смени одлуката и го испрати Ѓоко во соблекувална, Македонија во второто полувреме ќе биде со човек помалку на теренот.

Македонскиот селектор мораше да направи замена уште во четвртата минута, се повреди Дарко Чурлинов, па на негово место влезе Лирим Ќамили.

- Оглас -

Најнови вести