Македонија му го разниша столчето, а Грузија го докусури – Шаландес доби отказ, не е веќе селектор на Косово

Швајцарецот Бернард Шаландес доби отказ и не е повеќе селектор на Косово. Поразот од Грузија вчера со 1:2 му пресуди на 70-годишниот стратег, кој три години беше кормилар на селекцијата на Косово.

Иницијалната каписла беше неуспехот против Македонија и поразот во Скопје лани во полуфиналето од Сегментот Д во Лигата на нациите. Тогаш ги надигравме и ги победивме Косоварите со 2:1, а потоа славевме и против Грузија со 1:0 во Тбилиси за историско учество на Европско првенство.

Во Косово не беа задоволни од поразот од Македонија, па и тогаш, точно пред една година се шпекулираше дека Шаландес ќе добие отказ.

Тоа беше одложено, но од денеска веќе е и официјално, па Косово ќе бара нов селектор. Моментно на две кола до крајот на квалификациите за СП во Катар, Косово е на последното место во Б групата со 4 бода, колку што има и Грузија.

 

- Оглас -

Најнови вести