Фудбалската репрезентација на Македонија на 12 февруари во Брисел ќе ги дознае имињата на противниците со кои ќе се соочи во новата сезона од Лигата на нациите, во која Црвено-жолтите првпат ќе играат во Лигата Б, која е втора по квалитет.
Македонија ќе биде во четвртиот шешир, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово, што значи дека не може да се падне со нив.
Математички, најголеми се шансите за противник да ја добиеме Босна и Херцеговина бидејќи Босанците од политички причини не смее да се паднат со Косово, па тие ќе бидат во група со Македонија, Шведска или С. Ирска.
Од првиот шешир, Македонија ќе игра со Шкотска, Унгарија, Полска или Израел. Потенцијални ривали од вториот шешир, покрај БиХ, ни се и Швајцарија, Австрија и Украина, а од третиот – Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.
Циклусот почнува во септември годинава, а против секој од трите ривали во групата ќе се игра по еднаш дома и на гости.


