Македонија на СП во Египет ќе биде без докажаните „крила“

Селекторот Данило Брестовац го има составот кој ќе ги брани боите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Египет. Македонската експедиција денеска ќе патува за Египет, а веќе утре ќе го има првиот меч, тој против Шведска.
Брестовац реши на Мундијалот да патуваат играчите кои беа дел од репрезентацијата за време на подготовките и оние кои играа во двата пријателски меча против Чиле. Тоа значи дека искусните Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кои во изминатите години беа прва опција по двете крилни позиции, сега нема да патуваат во Египет. На Мундијалот ќе го нема ни голманот Борко Ристовски.
Селекторот Брестовац реши боите на Македонија на планетарниот собир во Египет да ги бранат:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски
ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ
СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски, Ненад Костески
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
- Оглас -

Најнови вести