Македонија со напредок од две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од две позиции на најновата ранг-листа која денес ја објави ФИФА.

Ремито со Италија и победата над Малта ни донесоа пласман на 66-тата позиција и сега сме пред репрезентациите на Исланд и Црна Гора, но зад Јужна Африка и Конго.

Нова можност за напредок ќе имаме во октомври, кога ќе играме квалификациски дуел за Европското првенство против Украина во Прага (Чешка) и пријателски дуел на домашен терен против Ерменија во Струмица.

На врвот на ранг-листата нема измени. Аргентина останува прва, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија на седмата позиција. Единствената рокада во топ 10 е онаа на Португалија која се искачи на осмата позиција на сметка на Италија, која падна на деветтата. Најдобрите 10 светски репрезентации ги заокружува Шпанија.

Од земјите од регионот најдобар пласман има Хрватска на петтата позиција. Следува Србија на 28-мото место, Грција е 51-ва, Словенија 59-та, Албанија 62-ра, Босна и Херцеговина 63-та, Црна Гора 68-ма, Бугарија 78-ма и Косово на 111-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести