Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од три позиции на првото рангирање за 2024 година. Минатата година Македонија ја заврши на 65-тото место во светски рамки, а сега е на 68-мата позиција.
Овој пад е очекуван ако се знае дека нашата репрезентација нема одиграно ниту еден меч во новата година, а во јануари и февруари се играа континенталните првенства во Африка и Азија. Со падот од три позиции, Македонија сега е на исто рамниште како во јули минатата година.
На врвот на ранг-листата нема промени. Аргентина е број 1 во светски рамки, а во Топ 10 има место и за Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.
Македонија неодамна ги доби ривалите во најновото издание од Лигата на нациите. Ривали на Македонија во Лигата на нациите се Ерменија, Фарски Острови и Летонија. На најновата листа на ФИФА, Ерменија е на 94-тото место, Фарски Острови е на 135-тата позиција, а веднаш зад нив е Летонија на 136-тото место во светски рамки.