Македонија не се плаши од никого – Освоивме златен бод во Словенија

Македонија не се плаши од никого и игра за мерак и на стартот од квалификациите за пласман н а ЕП 2020 година, а вечерва освоивме златен бод со реми 1-1 против Словенија.

На „Стожице“ во Љубљана одигравме храбро, без преголем респект кон фаворизираната селекција на Словенија, а Енис Барди со израмнувачки гол во 47-мата минута ни донесе реми.

Претходно Миха Зајц погоди во 34-тата минута за предност на домаќините, иако Словенците немаа конкретни шанси, ниту иницијатива во првото полувреме.

Барди имаше голема шанса во финишот на првиот дел да израмни, но потоа ја исправи грешката и со убав удар од десеттина метри го совлада Јан Облак.

Македонија одигра многу солиден меч, иако имаше и грешки, но мечот беше многу значаен, а бодот е голем за продолжување на убавата одисеја што почна со солиден квалификациски циклус за СП 2018 година, а продолжи со успешен настап во Лигата на нациите.

Во меч од нашата група, вечерва Полска со многу мака ја победи Летонија со 2-0 и е лидер во групата Г со шест бодови, пред Израел и Македонија со по четири.

Израелците ја победија Австрија со 4-2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести