Македонија не упати ниту еден прецизен удар за 45 минути против Малта

Македонската фудбалска репрезентација и селекцијата на Малта играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“, во првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Нашата репрезентација пред мечот важеше за голем фаворит, но по првите 45 минути, ситуацијата на теренот не го покажа тоа. Македонските репрезентативци не упатија ниту еден директен удар во рамките на голот на гостите. Едноставно, неубедливо делуваше офанзивниот ред на Македонија, па затоа и дефанзивата на Малта немаше поголеми проблеми.

Велковски и Миовски се обидуваа со удари со глава, но беа непрецизни, а ништо подобри не беа ни ударите на Трајковски, Елмас и Барди.

Малта е дојдена да се брани во Скопје и тоа одлично го направи по првите 45 минути. Во последните моменти гостите имаа шанса и да поведат, но, за среќа, не се снајдоа најдобро, па резултатот остана 0:0.

- Оглас -

Најнови вести