Македонија не успеа, а Финска со голман како пејач се пласираше во финалето на Евровизија

Белгија синоќа беше една од десетте земји кои се радуваа на пласман во финалето на Евровизија во Торино. Песната на Белгија доби доволен број гласови да биде во финалето, каде за жал ќе ја нема Македонија.

За Белгија пееше Џереми Мекис кој има само 21 година, а е професионален фудбалски голман. Оваа сезона тој има договор со белгискиот второлигаш Ексцелсиор Виртон. Дека Џереми освен што е голман, знае одлично и да пее, покажа синоќа со песната „Miss You“, која му донесе пласман во финалето.

Мекис е роден во Антверпен, а по потекло е од Конго. Тој е победник на белгиското натпреварување „The Voice“ 2021 година, а потоа потпиша договор со фудбалскиот клуб.

Според коефициентите во Sport Life, Белгија е со минимални шанси за висок пласман во финалето. За Белгија да победи на Евровизија коефициентот е дури 300.

- Оглас -

Најнови вести