Македонија немаше никакви шанси против Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација немаше никакви шанси против актуелниот европски и светски првак Норвешка. Во меч од петото коло од ЕХФ Евро купот, Македонија во „Борис Трајковски“ загуби со 18:24.

Норвешка во Скопје допатува со подмладен тим, но и тоа не беше проблем да го продолжат перфектниот биланс во групата. Норвежанките се први со пет победи во пет меча, додека Македонија е на последното место со пет порази од исто толку дуели.

Уште пред да почне средбата беше јасно кој ќе победи, но нашите репрезентативки добро се држеа во првиот дел кога резултатот беше 12:14 во корист на фаворитот.

На почетокот на вториот дел намаливме и на еден негатива (16:17), но потоа Норвежанките заиграа многу подобро. Со серија од 7:0, Норвешка стигна до 24:16 и беа решени сите дилеми околу победникот.

Кај Македонија најефикасна беше Саздовска со 6 погодоци, а Јаневска погоди четири пати. Голманката Мицевска имаше 12 одбрани. Овие две селекции за три дена ќе одиграат уште еден меч.

Во оваа група, Црна Гора на гости со 33:28 ја победи Словенија. На табелата, Норвешка има 10 бодови, Црна Гора 6, Словенија 4, Македонија е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести