Женската одбојкарска репрезентација на Македонија убедливо со 3:0 во сетови загуби од Швајцарија во второто коло од Сребрената Европска лига. Во првото коло, Македонија славеше над Луксембург со 3:0, што беше прв триумф по пауза од неверојатни 17 години.
Денеска, нашите одбојкарки немаа никакви шанси да се обидат да спојат две победи и по брза постапка, во меч кој траеше малку повеќе од еден час, загуби убедливо.
Во првиот сет Швајцарија покажа дека е неколку класи подобар ривал и го доби експресно со 25:7. Најголем отпор Македонија даде во вториот сет кој заврши со 25:16 во корист на Швајцарија.
Никакви дилеми немаше ниту во третиот сет. Швајцарките поведоа со 9:1 и на крајот убедливо го добија и овој сет за конечни 25:6. За тоа колку Швајцарија беше доминантна покажува и тоа дека тие освоија 75 поени, а Македонија само 29.