Женската македонска репрезентација денеска е домаќин на Словенија во меч од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија во првото загуби убедливо на гости од Германија со 34:18, додека Словенија славеше со 29:22 против Белгија.
Македонија и Словенија досега имаат одиграно 13 меча, а Словенија има девет победи. Поминаа 26 години откако Македонија последен пат се радуваше во дуел против овој ривал Словенија, тоа се случи во 1999 година.
Словенија е во серија од осум победи по ред против Македонија. Три победи биле со по еден гол разлика, еднаш сее радувале со три разлика, а другите победи се поубедливи.
Ако успее Македонија да направи изненадување ќе биде многу блиску до пласман на завршницата на ЕП, затоа што освен првите две во групата, шанса да се влезе на континенталниот собир имаат и третопласираните. селекции.