Македонија ноќеска нема да спие – Калин Ивановски е десетти носител, во 02.30 часот ја почнува одисејата на Австралија опен

Калин Ивановски ноќеска ќе игра во првото коло на Австралија опен, на јуниорскиот дел од турнирот, а мечот ќе биде историски, бидејќи за првпат Македонец во сингл ќе биде носител на гренслем турнир.

Македонската тениска надеж е рангиран како десетти фаворит и во првото коло во 02.30 часот по полноќ ќе игра против рускиот тинејџер Јарослав Демин.

Калин е фаворит и се очекува да се пласира во второто коло на првиот гренслем турнир во сезоната, во Мелбурн на Австралија опен.

За него ова е трет настап на најценетите светски турнири, откако лани играше на Вимблдон и на САД опен.

 

- Оглас -

Најнови вести