6755 – Малта – Македонија (20:45)
Репрезентацијата на Македонија по одличната игра и позитивниот резултат од домашниот дуел против Италија, оди на незгодно гостување кај Малта. Противник против кого имаме позитивен скор, а се надеваме дека така ќе остане и по денешниот натпревар. Според најавите од нашата репрезентација, Македонија ќе игра офанзивно и со сите сили во нападот, а тоа значи дека ќе се отвори простор за брзи противнапади на домашните.
Предлог тип: 2 & ГГ (4.60)
6754 – Норвешка – Грузија (20:45)
Селекцијата на Норвешка доколку сака да ги задржи макар и минималните шанси за пласман на Европското првенство следната година, вечерва ќе мора да ја победи Грузија на домашен терен. За разлика од нив, гостите патуваат на северот со разнишана самодоверба по катастрофалниот пораз од Шпанија на домашен терен од 1-7.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
6761 – Белгија – Естонија (20:45)
Белгија води мртва трка за првата позиција на табелата во групата Ф со селекцијата на Австрија, со оглед на тоа дека двете имаат по 10 бода. Денешниот нивен противник, Естонија, не се прослави минатото коло и катастрофално загуби од Шведска на домашен терен со 0-5. За разлика од нив, Белгија со минимални 0-1 го победи Азербејџан на гости и очекувањата се дека вечерва пред своите навивачи ќе ја подобри ефикасноста.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.26)
6756 – Швајцарија – Андора (20:45)
Лидерот на табелата во групата И, репрезентацијата на Швајцарија, по ремито на гости против Косово, на домашен терен ќе ја пречека најслабата екипа во групата, Андора. Одлична можност за Швајцарците за победа со која ќе останат на врвот на табелата, но и за поправање на гол-разликата.
Предлог тип: 1 Двојна&4+ (2.03)
6764 – Шпанија – Кипар (20:45)
Црвената фурија е во фантастична форма, а тоа го покажа во минатото коло, кога на гостински терен ја „растури“ Грузија со 7-1. Противник на Шпанија вечерва ѝ е Кипар, кој во минатото коло загуби дома од Шкотска со 0-3. Вечерва нè очекува нов ефикасен натпревар во режија на репрезентативците на Шпанија, кои ќе сакаат да се докажат пред домашната публика и ќе го наполнат голот на Кипар.
Предлог тип: 5+ (2.40)