Толку е дозволено – Македонија очекува поддршка од 6.000 бучни навивачи против Романија

Македонија ќе има поддршка од околу 6.000 навивачи вечерва од 20.45 часот на дуелот против Романија во Скопје, што е многу важен, веројатно и клучен за евентуален пласман на двете репрезентации на Мундијалот во Катар.

На техничкиот состанок денеска меѓу претставниците на ФИФА и УЕФА и на двете фудбалски федерации билод договорено да има само една петтина од вкупниот капаците на трибините на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Вкупниот капацитет официјално е 33.011 места на стадионот во Скопје, но поради пандемијата со Ковид-19 намален е капацитетот и за мечот против Романија.

Влез на стадионот е дозволен само за вакцинирани луѓе и тие што имаат потврда за прележан Ковид-19, што создава дополнителни проблеми.

Сепак се очекува дозволениот капацитет од 6.000 навивачи на Македонија да биде исполнет и нашата репрезентација да има голема поддршка во обидот да ја победи Романија и да остане во игра за настап на Светското првенство во Катар следната година.

Гостински навивачи според ковид правилата ќе нема на трибините на „Тодор Проески“.

Моментно по 5 кола во Ј групата лидер е Германија со 12 бода, Ерменија има 10, Романија 9, а Македонија 8 во кругот на четири главни кандидати за пат во Катар. Исланд со четири бода има многу мали шанси за подвиг, а веќе отпишан е фенерџијата Лихтенштајн, кој е без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести