Македонија оди на победа и против Бугарија за финале и пласман во „А“ дивизијата

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ја очекува полуфинален дуел од Европското првенство – Б дивизија против Бугарија. Меч за полна сала, меч за финале и пласман на Европското првенство следната година помеѓу најквалитетните европски младински селекции.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 18:30 часот, а селекторот Горан Андреевски најавува нова победа на Македонија.

„Во полуфинале нė чека репрезентацијата на Бугарија, екипа со одлични поединци. Ќе одлучуваат нијанси. Ќе влеземе многу посветено во натпреварот, очекувам максимално залагање во одбраната, посебно врз нивниот најдобар поединец Гаваљугов. Играчите се подготовени и мотивирани. Се надевам дека ќе ја израдуваме публиката со уште една победа. Очекуваме полна сала во борба за големото финале.“ – вели Андреевски.

Македонија на првенството кое се одржува во Скопје забележа шест победи на шест натпревари и заедно со Австрија се единствените непоразени селекции на првенство.

- Оглас -

Најнови вести