32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Македонија одигра нерешено на гостувањето кај Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го освои првиот бод во Лигата на нации Ц дивизијата, откако одигра 1:1 на гостувањето кај Летонија. Македонија одлично го започна мечот и поведе со погодокот на Симона Мејер во 16 минута од средбата.

Летонија која е првопласирава во нашта група, направи четири измени во второто полувреме, а по донесената свежина, Севчова донесе радост за домаќинките кога израмни во 65 минута.

Во продолжение на дуелот, двете селекции имаа шанса да постигнат победнички погодок. Најдобрата шанса за Македонија го пропушти Максути која излезе сама пред голманката на Летонија, но нејзиниот шут заврши неколку сантиметри покрај стативата.

Македонија ова натпреварување ќе го заврши како последнопласирана со само еден бод. Летонија има седум бодови и е прва, а Косово е со шест бодови на второто место. Токму Летонија и Косово во меѓусебен дуел ќе решат која селекција ќе заврши како првопласирана на крајот.

- Оглас -

Најнови вести