Македонските ракометарки одиграа подобро во вториот пријателски меч со Црна Гора во Никшиќ, но повторно загубија, вечерва со 31:30.
Поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ беше незадржлива за македонската одбрана и со 9 гола ги предводеше Црногорките до нов триумф.
По првото полувреме беше нерешено, 16:16, но потоа фаворитките беа подобри и славеа со еден гол разлика.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1447274843297226756?s=20
Ангела Јанкуловска со 8 погодоци беше најефикасна во нашиот табор.
Претходно двете репрезентации пред два дена играа во Скопје и Црна Гора победи со 29:21.