Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров има дополнителна главоболка и нема да го има во составот за Талин Кире Николовски, центарот на Работнички.
Ни следат два клучни квалификациски дуели за ЕП, против Италија на 28 ноември и со Естонија два дена подоцна во балонот во Талин, а ќе бидеме тенки под обрачите.
Николовски има здравствени проблеми, што не се поврзани со ковид-19, па нема да патува за Талин. Претходно отпадна и Стојан Ѓуровски, кој има позитивен наод на тестот за ковид-19.
На пат за главниот град на Естонија нема да тргнат ниту повредените Крстевски и Маслинко, што е голем хендикеп, па јасно е дека Македонија ќе има проблем на центарската позиција и на крилните позиции.
По два меча немаме ниту еден бод, па клучни за евентуален подвиг и пласман на ЕП ќе бидат следните два меча во Естонија.