Македонија остана на 67-мото место на ранг-листата на ФИФА со 1367,23 поени и од таа позиција ќе се обиде да ја изненади Италија во баражот на патот кон Мундијалот во Катар.
Италија остана на шесттото место, а ќе ни биде домаќин во Палермо на 24 март, во првиот бараж меч, од предвидените два што треба да се добијат за да се игра на Светското првенство.
Белгија остана на првото место, пред Бразил и Франција, а сега Аргентина е на четвртото место, а Англија падна на петтата позиција.
Втората половина од Топ-10 ја предводи Италија, зад неа се Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.