УЕФА ја промовираше новоформираната Конференциска лига која ќе започне во летото 2021 и која ќе биде трето по квалитет натпреварување после Лигата на шампионите и Лига Европа. Македонија ќе има три тима (освојувачот на купот, плус вториот и третиот на табелата) во ова натпреварување, а лошата вест е што наши претставници ќе нема во Лига Европа, додека првакот ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите.
Лигата на Европа ќе биде скратена, наместо досегашните 48, ќе имаме 32 тима и тоа само од 15-те земји со најдобар рејтинг на листата на УЕФА, а Македонија не е меѓу нив. И во групната фаза од Конференциската лига ќе има 32 клуба.
Финалето на првото издание на Конференциската лига ќе се одржи на „Комбтар“ стадионот во Тирана, Албанија, а победникот ќе обезбеди настап во Лига Европа.
Ќе има три квалификациски кола, и тие почнуваат на 8 јули, а завршуваат на 12-ти август, потоа следува и плејоф пред влезот во групите.