Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Палермо, Италија, каде што в четврток ќе го игра бараж-мечот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
Полни со оптимизам, нашите најдобри фудбалери се подготвени да му се спротивстават на актуелниот европски првак Италија. Подготовките пред патот и тргнувањето кон скопскиот аеродром може да го проследите на видео линкот.