Македонија пак е аутсајдер – Ако го собереме букетот од лалиња не ни бега пласман во вториот круг

Македонија денеска од 18 часот повторно ќе биде аутсајдер, барем според коефициентите во обложувалниците, во вториот меч на Светското првенство, прв за нас против Холандија на големите натпреварувања.

Влогот е голем и победа ни носи речиси сигурен пласман во вториот круг што беше и основна цел пред стартот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Од 18 часот ќе играме без повредениот бек Томислав Јагуриновски, а во Краков веќе пристигна неговата замена Давид Савревски.

„Нормално е дека сум загрижен за повредата на Томислав и тој ќе ни недостасува. Савревски е дебитант, но секој е добредојден во ваква ситуација со силен ритам и турнирски систем на натпревари“ вели селекторот Кирил Лазаров.

И тој ја чека шансата за прва победа на Мундијалите како селектор, а треба да најде рецепт како да се сопрат одличните Холанѓани.

Лалињата во првото коло ја декласираа Аргентина со 29:19 и речиси имаат обезбеден настап во следната рунда, а Македонија по поразот од Норвешка со 27:39 допрва треба да се избори да биде меѓу трите селекции од вкупно четири што ќе одаат понатаму од Ф групата.

 

- Оглас -

Најнови вести