Македонија по хет-трик во градското дерби, Работнички бега од четврти пораз

Македонија Ѓорче Петров ќе игра на победа против Работнички денеска од 15.30 часот во локалното скопско дерби од 25. коло во домашното првенство. Целта е да се прокнижи хет-трик успешни настапи што би била најдолга серија на „лавовите“ сезонава.

Работнички е во криза и има три порази по ред, а дојде и до смена на тренерот, па Баже Лазаревски денеска ќе дебитира на клупата на „романтичарите“. Од амбиции да се игра во Европа еден од најуспешните клубови кај нас дојде во позиција да стравува за опстанок и не смее да загуби денеска во Ѓорче Петров.

Македонија е во подобра форма, ги победи Беласица и Шкупи и ќе игра на една карта, на трет триумф по ред што би овозможил да го прескокнат денешниот ривал.

Водечкиот тандем Шкендија и Вардар на домашен терен се асполутни фаворити за победи против Победа, односно Силекс, екипи кои се во зоната за испаѓање.

И Беласица веќе нема избор ако сака да го продолжи прволигашкиот престој и идната сезона и ќе мора да бара победнички рецепт во Струмица против Шкупи.

Можеби и најнеизвесно ќе биде во Турново, каде Академија Пандев ќе и биде домаќин на разгираната Ренова. Гостите немаат пораз на шест меча по ред, односно ниту еднаш не загубија во 2019 година, но Академците на Пандев имаат европски амбиции и се подготвуваат да ја потврдат класата во тежок дуел со гипсарите.

Двојки, 25. коло, 15.30 часот: Македонија Ѓ.П. – Работнички, Шкендија – Победа, Вардар – Силекс, Беласица – Шкупи, Академија Пандев – Ренова.

Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42 (еден меч помалку), Ренова и Шкупи по 33, Работнички 31, Македонија Ѓ.П. 29, Силекс 24, Беласица 19 и Победа 18 (-1). 

- Оглас -

Најнови вести