Македонија победи на последната контролка пред Европското првенство!

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешна генералка пред стартот на Европското првенство и славеше со убедливи 35-27 над данскиот прволигаш Митјиланд.

Шанса на мечот против екипата од Хернинг, градот во кој ќе ги играме натпреварите на континенталниот собир, добија сите ракометари, а селекторот Кирил Лазаров со сигурност може да биде задоволен од подготовките, барем на резултатски план.

Нашите ракометари загубија само на првата пријателска средба, која се одигра кон крајот на минатата година, односно на стартот од подготовките, кога бевме поразени од Хрватска.

Следуваа победи над Бахреин и Украина, но и реми против Швајцарија, а вечерва славевме и над Митјиланд.

Европското првенство за Македонија започнува во петок, кога ќе му се спротивставиме на еден од домаќините, Данска, а во групата се уште и Португалија и Романија.

- Оглас -

Најнови вести