Македонската фудбалска репрезентација како лидер на табелата во квалификациите за Светското првенство вечерва на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека Казахстан. Македонија е во улога на фаворит, а тоа е и логично ако се знае дека овој ривал го победивме во Астана со 1:0, а и гостите немаат никакви шанси за место на Мундијалот.
Токму затоа очекуваме Македонија да води на полувреме и на крајот да победи во меч на којшто ќе бидат постигнати минимум три гола. Оваа комбинација е одлична и носи квота од 3.25.
Утре на мегдан ќе биде и младата репрезентација на Македонија до 21 година. Таа е дел од квалификациите за пласман на Европско првенство. Само пред три дена, У21 селекцијата на Македонија славеше над врсниците од Ерменија со 2:1 на мечот одигран во Битола.
Сега следува гостински предизвик, и тоа кај Црна Гора. И Македонија и Црна Гора имаат по три бода во три одиграни меча. Победа за Македонија во меч на којшто ќе има барем три погодоци носи одлична квота од 5.65.
Ако се спојат двете комбинации за сениорската македонска репрезнетација и У21 селекцијата, на 200 денари уплата, можната добивна е 50 евра.