Македонија покажа дека може да се надигрува со Украина, младинците на мегдан со топ фаворитот Германија (Фото)

6729 – Украина – Македонија (15:00)

Репрезентацијата на Македонија денес го игра клучниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство. Одличната форма во која се наоѓаат нашите фудбалери треба да ја крунисаат со добар резултат од мечот против Украина во Прага, со кој би останале во игра за пласман на втората позиција. На мечот против украинците во Скопје имавме водство од 2-0 на полувремето, но на крајот загубивме после голем пресврт со 2-3. Сепак, одличната игра и водството после првото полувреме се доказ дека имаме квалитет да и се спротивставиме на Украина.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (3.70)

 

6776 – Германија У19 – Македонија У19 (15:30)

Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години имаше одличен старт на квалификацискиот турнир во Полска и ја совлада домашната селекција со 2-0. Денешен противник на нашите момци им е топ фаворитот во нашата група, Германија. На овој натпревар немаме што да изгубиме, бидејќи клучниот меч за поминување на групата ќе го играме против Казахстан во последното коло. Нашите репрезентативци треба да излезат на теренот и да играат фудбал, едноставно да видиме до каде сме со германците. Головите на овој натпревар се загарантирани, во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.30)

 

6734 – Унгарија – Србија (20:45)

Репрезентацијата на Србија направи голем кикс на домашен терен против Унгарија, откако имаше водство од 1-0, а на крајот загуби со 1-2 и си го компликуваше пласманот на Европското првенство. Сега србите ќе мора да ги поправат нештата на гостувањето во Будимпешта и барем со бод да останат пред најголемиот конкурент Црна Гора.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.09)

 

6802 – САД – Германија (21:00)

Новиот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман, ќе дебитира на пријателскиот натпревар против САД. Домаќинот на следното Европско првенство сигурно дека ќе сака авантурата на новиот селектор да тргне со добар резултат на гостувањето во Северна Америка. Сепак, Германија игра лоша одбрана и прима погодоци на последните шест натпревари, на кои има четири порази, едно реми и победа на последниот натпревар против Холандија.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.01)

 

5625 – Порторико – Гвајана (21:00)

Интересен фудбал се игра во Лигата на нации на КОНКАКАФ зоната. Порторико и Гвајана во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде поблиску до промоција во А дивизијата, со оглед на тоа дека двете селекции имаат по максимални шест бода од првите две кола со просек на голови од речиси шест по натпревар. Тоа е гаранција за ефикасен фудбал и вечерва на Карибите.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести