12.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Македонија поразена од Финска на стартот на Златната лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го започна новото издание на Европската Златна Лига со убедлив пораз од селекцијата на Финска, 0-3 (20-25, 15-25, 19-25), на турнирот во Братислава. Без доволна агресивност, ритам и континуитет во играта, избраниците на Јошко Миленковски не успеаја да му парираат на противникот кој повторно потврди дека е врвна класа.

Натпреварот тргна лошо за нашите, со два брзи загубени сета, а и покрај мал напредок во третиот, Финска не дозволи пресврт.


Македонската селекција не успеа да ги искористи малите шанси кои ѝ се отворија, а рутината на Финците беше клучна во клучните моменти.

Најефикасен кај Македонија беше Никола Ѓорѓиев со 12 поени, следен од Љафтов со 11 и Савовски со 7. На другата страна, Савонсалми забележа 13 поени за Финска.

Утре следува нов предизвик – во 15 часот играме против домаќинот Словачка. Натпревар кој може да биде пресвртна точка за враќање на самодовербата и поставување на темелите за она што е навистина важно – добрата форма за август и квалификациите за Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести