Македонската ракометна репрезентација вечерва во Берлин ја победи Швајцарија со 29-27 на Европското првенство во Германија.
По одличната игра и предноста од четири гола разлика по првиот дел, второто полувреме почна добро за македонскиот тим, се играше гол за гол, Томовоски продолжи со одбрани, а при 17-12 за Македонија и исклучувањето на Џонов, дојде кризата, Швајцарците ни дадоа три гола по ред за 17-15. Водевме и 21-17, а тогаш дојде кризата.
Шмид беше тој што заедно со Зендер ја одржуваа Швајцарија, не дозволуваа Македонија да се одлепи. Во 21-вата минута дојде изедначувањето на 23-23. До тој момент, Швајцарија даде 14 гола во вториот дел, пет повеќе отколку во целото прво.
Марко Кизиќ застана на голот и имаше неколку блескави моменти, но во 25-тата минута Швајцарија дојде до водство од 25-24. Се влезе во неизвесна завршница, веќе никој немаше поголема предност од еден гол разлика. Јагуриновски реализра контра за 28-27 на 1,06 минути до крајот. Следуваше одбрана на Томовски, а Митев стави точка.
Најефикасни во македонската репрезентација вечерва беа Митев и Костески со по 5, а Томовски имаше 12 одбрани. Прв стрелец на средбата беше Швајцарецот Андре Шмид со 12 гола.