Македонија повеќе нема да ја гледаме на Спортклуб, МТВ ќе ги пренесува настапите на фудбалерите во квалификациите за ЕП 2024

Натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година, конечно се враќаат на програмите на националниот сервис, МТВ.

Македонската радио телевизија потврди дека ќе врши преноси од настапите на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 кои започнуваат идниот четврток (23 март) кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе гостува Малта.

Изминатите неколку години, настапите во квалфикациите на фудбалерите се емитуваа на српскиот Спортклуб,  но не и на МТВ. Но, откако правата за следните квалифациските циклуси за ЕП и СП ги откупи Аренаспорт, МТВ најде заеднички јазик и натпреварите на Македонија ќе се емитуваат на националниот сервис.

Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта, која е првиот противник.

- Оглас -

Најнови вести