Македонија повторно ќе игра на стадионот на кој Шаќири даде гол од корнер и ја изненадивме Англија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг пред заминувањето во Англија, за првиот меч од квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра во 2023 година. Нашите најдобри фудбалерки ќе играат на стадионот „Сент Мери“ во Англија на 17 овој месец. Гордиот Албион е топ-фаворит во групата.

Стадионот „Сент Мери“ е останат во добро сеќавање за македонскот фудбал. Пред 19 години машката фудбалска репрезентација одигра 2:2 против Англија, во меч кој се памти погодокот на Артим Шаќири постигнат директно од корнер.

Девојките тешко дека ќе успеат да изненадат, а капитенката Наташа Андонова вели дека шансата ќе ја бараме на вториот меч против Австрија, кој ќе го имаме дома.

„Нè очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување бодови треба да ја бараме на тој меч. Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо меѓународно искуство за разлика од другите селекции. Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари“, изјави Андонова за сајтот на ФФМ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести