12.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Македонија преку три турнири ќе брка пласман на одбојкарското ЕП 2028

Учеството во Европската лига 2026 најдобрите македонски одбојкари ќе го започнат на домашен терен, односно како организатори на еден од турнирите од првиот викенд (05 – 07 јуни 2026).

Македонија има континуитет во ова елитно континентално натпреварување од 2014 година, кое од ова издание добива и на ново значење, односно со него стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Поради тоа во иднина ќе има само една Европска лига (нема поделба на Златна и Сребрена) и 27 европски селекции (кои не играат во ФИВБ Лигата на нации) ќе бркаат билет за ЕвроВолеј 2028 преку ова натпреварување. Правилото вели дека доколку една репрезентација учествува во Европската лига 2026, тоа значи дека треба да настапи и во изданието во 2027, во спротивно ќе подлежи на санкции од ЦЕВ.

Останува турнирскиот систем на натпреварување, односно се игра низ три викенди во јуни 2026, а Македонија е домаќин на еден од првите турнири кога ги пречекува Луксембург и Холандија. Според распоредот, првиот ден, 5 јуни, играме со Холандија, следниот ден сме слободни, додека на 7 јуни ќе се соочиме со Луксембург.

Вториот турнир (12-14 јуни) го играме во Грција, каде што покрај домаќинот, за противник го имаме и Исланд. Натпреварите ги играме на 13 јуни со Исланд и на 14 јуни со Грција.

За третиот турнир, пак, (19-21 јуни) одбојкарите патуваат на Косово. Првиот натпревар го играме на 19 јуни со организаторот, додека ден подоцна ќе ги измериме силите со Израел.

Новитет е дека наместо финален викенд, од ова издание ќе се игра Ф6 турнир, предвиден за периодот од 1 до 5 јули 2026 година, а организаторот ќе биде дополнително познат. Доколку организаторот е рангиран меѓу првите шест екипи, тогаш и шестопласираниот игра на завршницата. Ако домаќинот на Ф6 не е меѓу најдобропласираните, тогаш топ-пет екипите и домаќинот играат на турнирот.

Со оглед на тоа дека екипите кои ќе се пласираат на првите четири позиции обезбедуваат и директен пласман на ЕвроВолеј 2028 година, ЦЕВ има дефинирано и одредени правила. Организаторот на Ф6 мора да ја освои титулата во Европската лига 2026 за да обезбеди билет за ЕП ако на завршницата се пласирал само поради улогата на домаќин, односно не бил меѓу најдобрите шест рангирани по завршувањето на лига-фазата. Доколку пласманот на финалниот викенд организаторот го обезбедил како дел од најдобропласираните во лига-фазата, тогаш првите четири екипи на турнирот директно ќе се најдат на ЕвроВолеј 2028.

ЕВРОПСКА ЛИГА 2026 МАЖИ

ПРВ ТУРНИР (05-07.06.2026), Македонија

05.06.  МАКЕДОНИЈА – Холандија

06.06. Холандија – Луксембург

07.06.  Луксембург – МАКЕДОНИЈА

ВТОР ТУРНИР (12-14.06.2026), Грција

12.06. Исланд – Грција

13.06   МАКЕДОНИЈА – Исланд

14.06   Грција – МАКЕДОНИЈА

ТРЕТ ТУРНИР (19-21.06.2026), Косово

19.06   Косово – МАКЕДОНИЈА

20.06   МАКЕДОНИЈА – Израел

21.06. Израел – Косово

Женската сениорска репрезентација на Македонија откако на почетокот на оваа недела доби нов селектор, Србинот Милош Гавриловиќ, денеска ги дозна противниците и распоредот во Европската лига 2026.

Изданието на Евролигата 2026 добива и нова тежина, односно ќе биде дел од квалификацискиот процес за Европското првенство 2028, a натпреварувачкиот систем не претрпе некои посериозни промени. Новитет е дека нема веќе поделба на Златна и Сребрена, туку има една единствена Европска лига, во која ќе се натпреваруваат селекциите кои не настапуваат во ФИВБ Лигата на нации. Правилото вели дека доколку една репрезентација учествува во Европската лига 2026, тоа значи дека треба да настапи и во изданието во 2027, во спротивно ќе подлежи на санкции од ЦЕВ.

Новиот систем стартува со прелиминарна рунда во која, според позициите на последниот ЦЕВ ранкинг, репрезентациите на Данска, Луксембург, Албанија и Литванија ќе играат еден турнир (29-31 мај 2026) за да ги дадат последните двајца патници во лига-фазата. Првите две селекции од овој турнир ќе играат во лига-фазата која ќе се игра низ три викенди во јуни 2026 година.

Женската репрезентација натпреварувањето го започнува во Португалија, каде што првиот викенд (5-7 јуни) ќе се соочи со Унгарија, на 6 јуни, односно ден подоцна игра со организатоот на првиот турнир, Португалија. Вториот викенд (12-14 јуни) нашите најдобри одбојкарки гостуваат во Шпанија, каде што првиот меч го играат со домаќинот (12 јуни), додека следниот ден играат со Азербејџан. Македонија ќе биде организатор на турнир од третиот викенд (19-21 јуни), кога ќе ги пречека Хрватска и Словенија. Со Хрватска играме на 19 јуни, потоа имаме слободен ден, додека натпреварувањето го завршуваме со Словенија на 21 јуни.

Новитет е дека наместо финален викенд, од ова издание ќе се игра Ф6 турнир, предвиден за периодот од 1 до 5 јули 2026 година, а организаторот ќе биде дополнително познат. Доколку организаторот е рангиран меѓу првите шест екипи, тогаш и шестопласираниот игра на завршницата. Ако домаќинот на Ф6 не е меѓу најдобропласираните, тогаш топ-пет екипите и домаќинот играат на турнирот.

Со оглед на тоа дека екипите кои ќе се пласираат на првите четири позиции обезбедуваат и директен пласман на ЕвроВолеј 2028 година, ЦЕВ има дефинирано и одредени правила. Организаторот на Ф6 мора да ја освои титулата во Европската лига 2026 за да обезбеди билет за ЕП ако на завршницата се пласирал само поради улогата на домаќин, односно не бил меѓу најдобрите шест рангирани по завршувањето на лига-фазата. Доколку пласманот на финалниот викенд организаторот го обезбедил како дел од најдобропласираните во лига-фазата, тогаш првите четири екипи на турнирот директно ќе се најдат на ЕвроВолеј 2028.

ЕВРОПСКА ЛИГА 2026 ЖЕНИ

ПРВ ТУРНИР 05 – 07.06.2025, Португалија

05.06   Унгарија – Португалија

06.06   МАКЕДОНИЈА – Унгарија

07.06   Португалија – МАКЕДОНИЈА

ВТОР ТУРНИР 12 – 14.06.2026, Шпанија

12.06   МАКЕДОНИЈА – Шпанија

13.06   Азербејџан – МАКЕДОНИЈА

14.06   Шпанија – Азербејџан

ТРЕТ ТУРНИР 19 – 21.06.2025, Македонија

19.06   Хрватска – МАКЕДОНИЈА

20.06   Словенија – Хрватска

21.06 МАКЕДОНИЈА – Словенија

- Оглас -

Најнови вести