Стефан Ристовски и Иван Тричковски се најдоа на интересниот видеоматеријал што го објави УЕФА за Европското првенство, а нивните прекрасни дефанзивни потези се меѓу најдобрите на шампионатот што беше историски за Македонија.
На дебито на големите натпреварувања примивме 8 гола на три меча и завршивме без победа и освоен бод со гол-разлика 2:8, но општ е впечатокот дека Македонија не разочара.
Дебитантот играше фудбал, секако во рамките на своите можности и на дуели со селекции што имаат многу поголемо искуство, па настапот на ЕП може да донесе бенефит за во иднина.
Ристовски со прекрасниот старт во дуелот со Јаремчук против Украина и Тричковски, кој иако е напаѓач, спаси чист гол против Холандија, заслужија и место во видеоматеријалот на УЕФА со најдбрите одбранбени потези.
https://twitter.com/EURO2020DE/status/1415260858280824835?s=20