22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Македонија против Фарски Острови треба да покаже дека може да одигра меч без да прими гол

Македонија победнички започна во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија откако на арената „Тодор Проески“ ја победи Малта.

Во второто полувреме го скрши отпорот на противникот, кој најчесто се бранеше, но откако прими два гола, тргна во напад. Малку требаше Малта да нападне за да постигне гол. Во 86-тата минута, противниците искористија една неспретност во македонската одбрана и постигнаа гол за 1:2. Во финишот имаа уште една опасна шанса, но Димитриевски одбрани, па на крајот Македонија ја прекина лошата низа од пет меча без победа.

Тоа што остана како негативна низа е фактот дека македонската одбрана делува многу ранливо. Ако се погледнат резултатите од последните 11 натпревари, јасно е дека македонската одбрана успеала да не прими гол само во двата меча против Гибралтар (победи од 4:0 и 2:0). Во сите останати средби, македонската дефанзива барем еднаш капитулираше.

Освен голот синоќа од Малта, Македонија не успеа да ја сочува мрежата и во дуелите со Азербејџан (пораз 3:1), Финска (1:1), Саудиска Арабија (пораз 1:0), Бугарија (пораз 1:0 и реми 1:1), Грузија (порази од 2:0 и 3:0) и од Португалија во поразот од 2:0.

Следниот ривал на Македонија е селекцијата на Фарски Острови. Дуелот е од пријателски карактер и ќе се игра в понеделник, на арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести