36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Македонија против Гибралтар тргнува со две измени во однос на стартерите со Бугарија

Селекторот Благоја Милевски одлучи да не прави премногу измени во почетниот состав кој ќе тргне против Гибралтар, и во однос на оние што беа во првите 11 во Разград против Бугарија, сега ќе ги нема само Дарко Велковски и Дарко Чурлинов.

За гостувањето од Лигата на нации кај Гибралтар од 18 часот, нема да игра Велковски, кој се жали на поситна повреда, не негово место во одбраната ќе биде Кире Ристевски, а изоставен е и Чурлинов, од тактички причини. Стартер би требало да биде Бобан Николов, што значи дека формацијата ќе биде 4-4-2.

Најавен почетен состав: Димитриевски, Ашковски, Алиоски, Муслиу, Ристевски, Николов, Барди, Елмас, Спировски, Трајковски, М. Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести