-1.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

КОМПЛЕТЕН ИСТОРИЈАТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Против Малта ја имаме најубедливата победа на стартот во евроквалификации

Три победи, две нерешени и два порази има македонската фудбалска репрезентација на стартот во досегашните седум квалификациски циклуси кои ги имаме играно за пласман на Европско првенство.

Првиот настап на ЕП беше против тогашниот актуелен европкси првак Данска, во квалификациите за ЕП 1996 година. Митко Стојковски даде гол во четвртата минута за водство на Македонија од 1:0, но потоа црвен картон доби Дарко Панчев (47-мата минута), па пред крајот на средбата Поулсен со гол во 87-мата минута израмни на 1:1.

Во овие квалификации Македонија заврши само со една победа од 10 меча, но имаше и четири нерешени, па заврши на четвртото место во групата, зад Шпанија, Данска и Белгија, но пред Кипар и Ерменија.

На стартот од квалификациите за ЕП 2000, Македонија дома играше против Малта и победи убедливо со 4:0. Овој меч се одигра на 6 септември 1998 година, а по два гола постигнаа Шаќири и Божинов. На крајот од овие квалификации завршивме единствено пред Малта, зад СР Југославија, Ирска и Хрватска.

Во квалификациите за ЕП 2004, на стартот игравме на гости кај Лихтенштајн и дуелот заврши 1:1. Македонија имаше предност, но прими гол во 90-тата минута и на крајот освои само еден бод. И во овие квалификации завршивме на претпоследното место зад Англија, Турција, Словачка, а пред Лихтенштајн.

На 16 август 2006 на гости кај Естонија победивме со 1:0 во стартот од квалификациите за ЕП 2008. Ова беа единствени квалификации каде што имаше седум селекции во групата, а на крајот завршивме на петтото место пред Естонија и Андора.

Првиот пораз на стартот од едни евроквалификации го имавме на 3 септември 2010, пораз на гости од Словачка со 1:0. Во овие квалификации завршивме зад Русија, Република Ирска, Ерменија, Словачка, но пред Андора.

На празникот 8 септември во 2014 го претрпевме еден од најголемите порази откако на гости кај Шпанија загубивме со 5:1. Шпанија на крајот беше убедливо прва во групата, а Македонија за првпат во квалификации за ЕП беше последна. Овие се најлошите квалификации за континентален собир на нашата селекција.

Најдобрите квалификации ги имавме за пласман на ЕП 2020. На 21 март 2019 година, со 3:1 ја победивме Летонија. На крајот завршивме на третото место зад Полска и Австрија, но и порај тоа што не успеавме преку квалификациите, Македонија направи историски успех со пласман на ЕП преку плејофот во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести