Од исходот на реваншот помеѓу Карабах и Динамо Загреб зависи дали македонскиот фудбал ќе испише нова светла страница од својата историја, со рекорд од четворица наши играчи во една сезона од Лигата на шампионите.
Доколку Динамо влезе во ЛШ, а големи се шансите за тоа, бидејќи Модрите првиот меч го добија со 3-0, тогаш Македонија ќе има дури четворица претставници во елитното клупско натпреварување. Тоа би биле Стефан Ристовски и Аријан Адеми од Динамо, Елиф Елмас од Лајпциг и Бојан Миовски кој игра за Жирона.
Досега најмногу сме имале по тројца играчи во една сезона и тоа во 2009/2010 (Пандев, Грнчаров и Мијадиновски) и 2011/2012 (Пандев, Тричковски и Адеми).