
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе го игра последниот квалификациски меч од циклусот за пласман на СП 2026, гостува кај Велс во Кардиф, а доколку остане непоразена, ќе го освои второто место во групата, кое носи и полесен ривал во мундијалскиот бараж.
Атмосферата во националниот тим е одлична, но селекторот Благоја Милевски не е без проблеми кога е составот во прашање.
Дефазивецот Висар Муслиу ќе го пропушти мечот поради повреда, додека настапот на Јани Атанасов е неизвесен откако почувствува болки во мускулот. Медицинскиот тим прави максимални напори да го оспособи, а сѐ ќе биде познато по вечерашниот официјален тренинг на стадионот во Кардиф.

